Косовскиот рапер Дон Џони дел од спотот за песната “Секси Мама” го снимал во споменикот “Македониум” во Крушево, еден од најпознатите македонски културно - историски објекти во светот. Во него се наоѓа и гробот на револуционерот Никола Карев, претседателот на Крушевската република за време на Илинденското востание во 1903 -та.
Директорот на Историскиот музеј Крушево Миха Оџаклиески вели дека спотот е во февруари годинава, а претходно продукцијата побарала дозвола за отстапување на просторот за 500 евра.