
Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија променливо облачно време со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 Целзиусови степени.