MENI

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна

Секој жител во Македонија годишно фрла по 86 килограми храна - бројка која е за 17 килограми повисока од просекот во Европската Унија.

Според податоците на УНЕП, отпадот од храна е над европскиот просек и  во рестораните и малопродажбата. Додека над 650 милиони луѓе во светот гладуваат, голем дел од купената храна се фрла.

Од Организацијата – Банка за храна во земјава велат дека никој не може да измери колку точно килограми едно домаќинство фрла. Но според нивните пресметки, секој ден семејствата кои можат да си дозволат -  фрлаат храна вредна едно евро.

Pages