MENI

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници

Расте бројот на бездомни кучиња во Охрид. И покрај ангажирањето на  ветеринарни служби на годишно ниво задолжени за заловување и хуман третман сепак овој проблем бара регионално решение за трајно згрижување .Активистите вината ја гледаат во неодговорните сопственици, оставањето нови легла на улица, но и носењето кучиња од други градови.

Проблемот со бездомните кучиња повторно е ставен во фокусот на новиот состав на Советот на градоначалници од Југозападниот плански регион. Најавите се дека на почетокот на следната година ќе се преземат конкретни чекори.

Pages