На Тракискиот автопат се случи сериозна верижна сообраќајна несреќа, околу 50 автомобили се судрија на раскрсницата Зимница во правец на Бургас. Веројатна причина за несреќата е густата магла.
Има над 10 мртви и над 50 повредени, напиша на Фејсбук и Дијана Русинова, претседателка на Европскиот центар за транспортни политики. Таа нагласи дека информациите не се потврдени. Мобилизирани се екипите за итни случаи од областите Јамбол, Сливен и Бургас, како и дополнителни полициски и противпожарни екипи, се испратени на местото на инцидентот.