MENI

На Светскиот ден на дијабетесот пациентите бараат сензори за сите лица со Тип 1 и превенција од компликации

Сензори за сите лица со дијабетес Тип 1, редовна современа терапија и медицински помагала, подостапни нови антидијабетни лекови во аптеките како и термини за специјалист за да се спречат компликации. Ова се приоритетите на пациентите кои им ги посочија на здравствените власти на светскиот ден. Во Македонија се регистрирани околу 135.000 лица со дијабетес, од нив 4000 се со тип 1.

Pages