По речиси 11 години од почетокот на изградбата, Охрид конечно ќе го добие затворениот базен.
Спроведена била темелна анализа и ревизија на проектот со цел да се утврдат техничките, финансиските и административните пречки што го оневозможувале неговото завршување.
По ревизијата биле преземени конкретни мерки за надминување на проблемите, меѓу кои и измена на основниот проект, со што се создадени услови градежните работи да продолжат .