
Високи претставници од Москва и Вашингтон разговарале за можноста американски инвеститор да стекне удел во „Северен тек“, гасоводот преку кој пред почетокот на војната во Украина рускиот гас стигнуваше до Германија. Информацијата ја потврдиле пет извори запознаени со разговорите.