До крајот на годината, министерството за дигитална трансформација планира да ја заокружи мрежата од 20 центри за услуги низ државата. Целта е граѓаните да добиваат различни документи и да користат електронски услуги на едно место, без притоа да посетуваат повеќе институции за да ги завршат административните обврски. За идната пролет се најавува и кампања со мобилни единици, односно специјално опремени комбиња кои ќе овозможат административни услуги и помош при користењето на електронскиот портал директно во руралните средини.