MENI

Старите занаети изумираат

Старите занаети во изумирање. Поради недостаток на интерес кај младите и ефтината индустриска роба голем број дуќанчии во старата чаршија ставаат клуч на врата. Нема кој да ја продолжи традицијата. Ковачи, крзнари, којунџии речиси и да нема, а од 15 кондураџии во градот останати се само двајца.

Масовното производство на евтини обувки од увоз ја промени психологијата на купувачите. Луѓето денес почесто купуваат нови обувки со низок квалитет отколку што одлучуваат да ги поправат старите кај мајстор или да инвестираат во квалитетни, рачно изработени кондури.

Pages