
Скопје би требало да добие нов и модерно уреден Луна парк до крајот на 2027 година.
Од Град Скопје уверуваат дека процедурите поврзани со договорите и јавните набавки нема да го загрозат планираниот рок.
Според најавите, за околу еден месец ќе започне поставувањето на седум забавни реквизити набавени со претходниот договор, истовремено со подготовката и уредувањето на локацијата.