И Ива и нејзиниот татко, кога тогаш ќе одговараат, повтори неколку пати Премиерот во својата прва реакција по бегството на обвинетата за сообраќајка во која загина човек. Премиерот рече дека полицијата води истрага но јасно е дека Михаилова легално не поминала ниту една македонска граница.
Премиерот жали што Бугарија на овој начин се обидува да покаже политички мускули без при тоа да ја согледа штетата. Категорично ги демантираше обвинувањата на опозицијата дека имало било каков договор Ива Михаилова да замине од Македонија.