Со апсолутно мнозинство професорот Никола Јанкуловски е избран за претседател на Лекарската комора.
Тој беше единствен кандидат.
Рече дека ќе се залага за повисоко етаблирање на комората на домашно и меѓународно ниво како и за поголема транспарентност и отчетност за сработењето, а во советодавната улога во државата да бидат поактивни, поупорни и поуспешни во носењето на законите од областа на здравството.