Според пресудата која ја донесе судија за деца во скопскиот кривичен суд, за две девојчиња мерката ќе трае една година, а за останатите две 8 месеци.
Видео снимките од малтретирањето на шестооделенката беа објавени пред 6 месеци.
Според информациите кои тогаш ги објави МВР девојчето во два наврати било малтретирано во паркот во Ѓорче Петров.