
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука според која од полноќ бензините поевтинуваат за два и пол денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за два денара.
Според ова, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 96 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 98 ден/лит.