
Владата планира со зголемување на производството на електрична енергија во РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“, преку обезбедување јаглен од Косово, како и со рестартирање на ТЕЦ „Неготино“, да обезбеди стабилно снабдување во текот на зимата, да спречи посериозно зголемување на цената на струјата и да ја спаси земјата од европскиот енергетски ценовен шок.