
Во земјава денеска ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 12, а максималните ќе достигнат од 17 до 21 степен.