Граѓаните кои работеле во странство пред 5 години почнаа да добиваат известување од УЈП за неплатен данок.
Од Управата потврдуваат дека продолжуваат со постапката за подмирување на обврските за приходите остварени во други држави во 2021-та година.
Колку лица ќе бидат опфатени и колку од нив се студенти - немаат точна бројка.
Не се знае ни колку пари се очекуваат по основ на неплатен данок.