
Франција ги засилува безбедносните мерки во пресрет на најавените масовни протести за оваа сабота, при што на национално ниво се ангажирани околу 70.000 полицајци и жандарми.
Властите стравуваат од нов бран насилство, грабежи и напади врз јавни институции, поради што подготвија засилен безбедносен план за справување со евентуални инциденти.