
Реал Мадрид вчера ја победи Барселона со 2:1 на гостински терен во 10. коло од шпанското првенство.
Килијан Мбапе им донесе водство на „Лос Бланкос“ во 41. минута. Рафиња израмни во 61. минута по асистенцијата на Педри. Мбапе го постигна својот втор гол во 87. минута на асистенција на Едуардо Камавинга, кој влезе како замена во 80. минута.