
Цените на нафтата паднаа на светските берзи, поттикнати од надежите за смирување на конфликтот меѓу САД и Иран.
Нафтата „брент“ поевтини за околу 2 отсто и сега се тргува за 115 долари за барел.
Во меѓувреме, Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на горивата.