Пензионерите и примателите на социјална помош, кои парите ги добивале преку Алта банка, ќе можат наеднаш да го подигнат целиот износ. Исплатата ќе се одвива преку шалтерите на банката, кои ќе бидат отворени во Битола, Скопје и Струмица. Станува збор за 5,500 корисници на социјална помош, како и 3,500 пензионери кои немале платежни картички.
За да не останат без пари, ресорниот министер Велковски утринава со гувернерот Славески договориле неделните ограничувања од 10 илјади денари, да не важат за нив.