
Шеесет годишната Љубинка К. од пехчевското село Робово вчера попладне била пронајдена почината кај реката Иглика во селото.
Од полицијата информираат дека телото на жената го пронашол 28 годишниот Ѓ.П. на триесетина метри од мостот на реката, кој случајот го пријавил во полицијата.