
Денеска, почна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година.
Полуматурантите ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат ќе ја доставуваат потребната документација.