
Најмалку 13 лица загинаа, а 66 се повредени во вчерашната експлозија во главниот катарски комплекс за преработка на течен природен гас „Рас Лафан“ – соопшти денеска министерот за енергетика, Саад ал-Кааби.
Министерот нагласи дека станува збор за несреќен случај, а не за напад или за саботажа, додавајќи дека веќе е покрената истрага за утврдување на причините за експлозијата.