
Населените места Раштани и Бузалково во велешко ќе добијат чиста вода за пиење од градскиот водоснабдителен систем.
Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев денеска на прес-конференција рече дека почнала реализацијата на проектот „Водоснабдување на Раштани и Бузалково“.