
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда од 3,3 степени денеска во 14 часот и 4 минути беше почувствуван во југозападниот дел на земјата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според податоците на Опсерваторијата, епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Преспа, на околу 127 километри југозападно од Скопје.