
Водечкиот француски спортски медиум Л’Екип се дистанцираше од коментарите на својата водителка која го критикуваше белгискиот репрезентативец Жереми Доку поради неговата желба да го напушти Светското првенство за да присуствува на раѓањето на своето прво дете.
Весникот посочи коментарите на водителката Франс Пјероњ не ги претставуваат вредностите на медиумската куќа.