
Вчера во 04,00 часот во полициска станица - Охрид, Ј.Ф.(1990) од Охрид, пријавила дека во 02,00 часот во угостителскиот објект „Кадмо“ истоимената плажа додека била во објектот со К.Р. и Д.Ј. од Охрид и Т.Н од с.Љубаништа–Охрид, Т.Н се качил на маса и играл, по што влегле 2 непознати лица облечени во црни маици со натпис „Кадмо“, го фатиле за кошула и го извлекле надвор.