MENI

Хан и тројката европратеници со лидерите на партиите бараат договор за излез од политичката криза

Лидерите на ДУИ Али Ахмети  и на ДПА Мендух Тачи попладнево им се придружија на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на СДСМ Зоран Заев на разговорите со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит.

Еврокомесарот Хан со тројцата пратеници на ЕП ги започнаа разговорите со лидерите на партиите претпладнето. Најнапред во мисијата на ЕУ во Скопје тие се сретнаа со Ахмети и Тачи, а потоа во резиденцијата на ЕУ имаа  одвоени средби со лидерите на СДСМ и на ВМРО, Заев и Груевски.

Pages