СДСМ бара агенцијата за медиуми да биде под нивна контрола, пишува Курир. Претседателот на партијата Зоран Заев во последното интервју за опозицискиот Фокус ја споменува Агенција за медиуми како предмет на преговори, на кои би наметнувале нивни предлози. Според познавачите на состојбите ако СДСМ инсистира да има партиски човек на чело на оваа институција тоа ќе биде враќање чекор назад односно партизација на агенцијата, а тоа е против сите европски стандарди и правила.