Нова медицинска опрема во вредност од два милиони евра ќе добие Градската болница 8-ми септември. За модернизација на оваа здравствена установа одлучи Владата на вчерашната седница. Кардиологија, Урологија, трансфузија, патологија и физикална терапија се дел од специјалностите кои ќе добијат нови апарати. Од министерството за здравство појаснуваат дека се фокусирале на овие дејности поради зголемениот број на пациенти.