MENI

МВР за 24 часа издаде 427 нови потврди за искажана намера за поднесување барање за азил

Во периодот од 08:00 часот на 13.08.2015 до 14.08.2015 година во 08:00 часот, издадени се потврди на вкупно 427 странски државјани, од кои, 233 се од машки пол, 65 се од женски, 115 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 14 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Pages