После грандиозното и спектакуларно, според многумина - Волшебно отворање на 55 издание на фестивалот Охридско Лето, какво што до сега се нема случено не само во Македонија, туку и во други европски земји, реализацијата на програмата продолжува со истиот жар и возбуда како кај уметниците така и кај публиката.
Во духовниот храм, црквата Св. Софија, силен почеток на музичката програма со настап на тројца руски великани. Концертот на пијанистот Андреј Коробеиников ја вознесе публиката, подарувајќи им на посетителите 3 биса.