
Од денеска во Грција се применува новото зголемување на ДДВ од 13 на 23 отсто, што предизвика поскапување на повеќе производи и услуги.
Во продавниците во Грција од денеска поскапи се некои видови месо, маслото за готвење, кафето, чајот, какаото, оцетот, солта, цвеќето, ѓубривата, дрвата за огрев, пестицидите, хигиенски влошки и кондомите.