
Ридската трка „Меморијал Фрањо Кунчер“ во Ловќен, Црна Гора, имаше страотно издание и однесе еден живот.
Несреќата во која загина еден навивач, се случила кога возачот на „Југо 55“ Иван Капа во класата до 1150 кубици, ја загубил контролата врз своето возило и непосредно пред целта излетал од патеката и завршил во местото каде се наоѓала публиката.