
Од вечерва на полноќ стапуваат во сила новите, пониски цени на горивата, согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Најголемо намалување има кај дизелот, кој поевтинува за 3,50 денари и од досегашните 92 денари ќе се продава за 88,50 денари за литар.