Младите до 35 години ќе можат поевтно до дојдат до сопствен дом. Премиерот најави ново законско решение, кое опфаќа два модели. Првиот – за купување стан и вториот за изградба на куќа. Секој инвеститор ќе мора 10% од ново изградените објекти да ги понуди на младите брачни двојни, по цена која е за 20-отсто пониска од пазарната. Така на пример, ако квадрат се продава по 2,500 евра, младите ќе можат да го купат за 2000 евра квадрат. Премиерот тврди дека во предлог законот ќе има заштитни механизми, каде злоупотреби од страна на инвеститорите, нема да бидат можни.