За два дена две нови инвестиции. Вчера америсканаката компанија Леар и владата потпишаа договор за една од најголемите инвестиции во земјава. Гигантот за производство на автомобилски седишта почнува со работа во полошкиот регион. Втората исто така американска , фабриката Ки Сејфти Системс, покрај објектот во Кичево кој работи со полна пареа, гради уште еден нов капацитет надвор од градот во индустриската зона.