
Македонија може да ги извезува сите производи од говедско месо во Европската унија, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.
Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на МИК Свети Николе, Поповски нагласи дека до крајот на годинава се очекува да биде овозможен и извозот на сите производи од риба.