
Франција го загуби полуфиналето од Шпанија синоќа на Евробаскетот, а покрај резултатот ќе остане запишано дека повторно е соборен рекордот по бројот на пристутни гледачи на еден натпревар во Европа. Дуелот го следеа 26.922 гледачи, со што е мината бројката од 26.135 од осминафиналето меѓу Франција и Турција.