MENI

Тензично во Прилеп: Револтирани навивачи прекинаа фудбалски натпревар

Вчера во времето од 14:30 до 17:30 часот во Прилеп на градскиот стадионот „Гоце Делчев“ при одржување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК„Победа“ од Прилеп и ФК„Македонија Ѓорче Петров“ од Скопје, поточно во 72 минута, натпреварот бил прекинат поради тоа што поголема навивачка група влегла на теренот незадоволни од судската одлука, при што го нападнале главниот судија. 

Pages