До крајот на годината ќе бидат пуштени во употреба уште 7 детски градинки. Со што во последните неколку години изградени се вкупно 46 нови установи за згрижување и воспитување деца во повеќе општини низ Македонија.
-Од аспект на згрижување на деца, на возраст од 3 до 6 години, во минатото пред да почнат овие активности, нешто малку над 10 отсто од децата имаа можност да се згрижат во градинки. Сега веќе тој процент нарасна на приближно 40 отсто. Тоа за неколку години е значителен раст, изјави премиерот Никола Груевски.