Германската компанија Маркард утре почнува со производство. Компанијата, лоцирана во индустриската зона во Велес веќе почна со вработување, а според најавите бројката на новоотворени работни места ќе достигне 600 лица во наредните 4 до 5 години. Маркард ќе вложи 35 милиони евра и е прва поголема инвестиција во овој регион. Ќе произведува електронски клучеви, контролни табли за управувачи, електронски конзоли за врати и прозори за познатите марки како Ауди,.БМВ, Мецедес, Рено и Тојота и се очекува да го подигне стандардот во овој регион.