
Конференција на тема „Женско претприемништво – Перспективи” ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружението на бизнис жени во Македонија.
Целта е промовирање на женското претприемништво низ различни активности на јавниот и приватниот сектор. Се одржува како дел од проектот „Женско претприемништво – мотор за создавање на работни места во Југоисточна Европа”.