
Сите повредени работници што настрадаа во сообраќајната несреќа кај Кичево, а беа префрлени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ кај Охрид, се надвор од животна опасност. Ова го потврди д-р Драган Спасески, кој појасни дека станува збор за седум пациенти згрижени во установата после тешката сообраќајна несреќа.