
Очекуваме целосно стабилизирање на состојбата со огревно дрво и сите кои имаат потреба ќе бидат снабдени по минатогодишните цени. Испораката на дрва е интензивирана во целата држава, а евентуалниот недостиг Македонски шуми ќе го надомести со увоз, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.