
Центарот за истражување и креирање политики, со поддршка на Европската комисија и Центарот за изучување на демократијата од Бугарија организираат Форум на јавни политики за скриена економија.
На Форумот, кој ќе се одржи во Скопје, ќе биде презентиран мониторинг извештајот за скриена економија во Република Македонија.