
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на промоцијата на новите полициски возила во Министерството за внатрешни работи, најави дека службите на Брзата помош низ целата држава ќе бидат подновени со нови возила. Според премиерот, во следните две години ќе бидат испорачани вкупно 150 возила.