
Со концертот на џез бендот ,,Мозаик“ синоќа во Богданци почна традиционалната манифестација ,,Културно лето Богданци 2016“, која се одржува под покровителтво на општина Богданци.
Годинашнава манифестација, која ќе трае до крајот на идниот месец, ќе понуди културни содржини од различни жанрови кои беа најавени од страна на организаторот.